Овесни гранола плочки

Овесните енергетски плочки се здрава и вкусна опција за утрата во кои немаме време да појадуваме. Дополнително, овесот содржи бета глукан влакна, а тие значително помагаат во намалувањето на високото ниво на холестерол. Овој вкусен извор на енергија е совршена опција за започнување со работниот ден!
Порции: 15 yield(s)
Подготовка: 15 мин.
Готвење: 30 мин.
Вкупно време 45 мин.
Состојки
  • 2 банани (изгмечени во чинија)
  • 50 g аронија или боровинки (свежи или сушени)
  • 4 tbsp путер од кикирики
  • 70 g микс од семиња (ленено семе, сончоглед, семки од тиква)
  • 1.5 cup овесни снегулки
  • 1 tbsp масло (за премачкување на хартијата за печење)
Инструкции
  1. Измешајте ги сите состојки и убаво втиснете ја смесата во тава за печење (врз хартија претходно подмачкана со масло за готвење). Поставената смеса треба да има правоаголна форма за да можете да ја пресечете во вид на плочки по печењето.
  2. Печете на 180 степени во времетраење од 25 минути, па печете на 210 степени во времетраење од 5 минути. Оставете ја смесата да се излади, па пресечете ја во вид на плочки.