Колач за 2 минути

Ок, ајде да зборуваме за буквално најлесниот колач кој некој досега го направил! Земете ја омилената шолја за кафе или друга мала чинија за печење, и само истурете ја внатре мешавината од состојки. Ставете ја шолјата во микробранова печка во времетраење од 2 минути на висока температура и... Voila! Единствена грижа после тоа ќе ви биде, со што да декорирате? Мојот избор број еден е Choconella и кокос. А твојот?
  • Комплексност: Лесна
  • Категорија:
Порции: 1 yield(s)
Подготовка: 5 мин.
Готвење: 2 мин.
Вкупно време 7 мин.
Состојки
  • 2 tbsp интегрално брашно (или мелени овесни снегулки)
  • 1.5 tbsp мед
  • 1 tsp прашок за пециво
  • 2 tbsp кокосово масло (или путер)
  • 1/4 tsp екстракт од ванила
  • 1.5 tbsp какао
  • 1/3 шолја растително млеко
  • 1 коцка темно чоколадо (по желба)
Инструкции
  1. Истурете ги сите состојки во сад и измешајте ги убаво. Користете блендер за најдобро искуство.
  2. Префрлете ја хомогената смеса во омилената шолја за кафе или во мала чинија за печење. Дополнително може да ставите и коцка темно чоколадо во смесата ако сакате. Ставете ја шолјата во микробранова печка на висока температура околу 2 минути (на јачина од 1 до 4, ставете ја на 3 или 4). Со тоа вашиот колач е готов. Декорирајте по желба.