Здрав овесен оброк со банани и ореви

Здрав овесен оброк со банани и ореви е вкусен начин да го започнете денот! Подгответе го овој појадок за само неколку минути уште од претходната вечер, оставете го да отстои преку ноќ во фрижидер и наутро ќе ве чека нешто слатко за појадок! На здравје!
Порции: 1 yield(s)
Подготовка: 5 мин.
Готвење: 5 мин.
Вкупно време 10 мин.
Состојки
  • 1 банана
  • 1/3 шолја овесни снегулки
  • 1/2 шолја растително млеко
  • 2 tbsp грчки јогурт
  • 2 tsp мед
  • 1/2 tsp цимет
  • 1/8 tsp мускатно оревче
  • 1/4 tsp ванила екстракт
  • 2 tbsp сецкани или мелени ореви
  • 1 tbsp замрзнато црвено овошје (по желба)
Инструкции
  1. Ставете овесни снегулки во вашата омилена тегличка и додадете го млекото. Додадете претходно изгмечените банани, замрзнатото црвено овошје (по избор), мелениот цимет, морското оревче, мелените ореви и екстрактот од ванила. Додадете слој грчки јогурт измешан со мед и посипете го појадокот со мала количина на мелени ореви. Ставете го оброкот во фрижидер и оставете го да отстои преку ноќ за да можете следното утро да уживате во него. Оброкот треба да стои најмалку 8 часа во фрижидер.