Здрави TWIX колачиња

Дали може да се сетите на одличниот и крцкав вкус на чоколадите TWIX? Епа јас ги рекреирав за вас во здрава верзија. Ќе почувствувате загарантирана неизмерна среќа со секој залак. И, што е најважно, вашите деца ќе ги обожаваат!
Порции: 10 yield(s)
Подготовка: 10 мин.
Готвење: 10 мин.
Вкупно време 20 мин.
Состојки
    База
  • 1/2 шолја путер од кикирики (незасладен)
  • 1/3 шолја мед или јаворов сируп
  • 1/3 шолја кокосово брашно
  • 2 tsp кокосово масло
  • Слој од карамела
  • 1/4 шолја путер од кикирики (незасладен)
  • 3 tsp мед или јаворов сируп
  • Чоколаден слој
  • 3 tbsp Чоконела намаз (или 1/2 темно чоколадо растопено со малку кокосово масло)
Инструкции
  1. Измешајте ги состојките за базата. Ставете ги на плех врз хартија за печење и добро израмнете ги. Печете 12 минути на температура од 180 степени. Кога ќе бидат готови, оставете ги да се оладат околу 10 минути.
  2. Измешајте ги состојките за слојот од карамела и смесата оставете ја во фрижидер 30 минути. Кога ќе се олади доволно, со прстите формирајте топчиња и ставете ги над секое колаче. Израмни ги топчињата од карамела врз секое колаче.
  3. Растопете малку Чоконела или растопено темно чоколадо со малку кокосово масло. Истурете го чоколадниот намаз врз колачињата и замрзнете ги околу 10 минути. После тоа се спремни за послужување.