Домашна гранола со цимет (здрави мусли)

Ајде луѓе! Инспирирајте се да експериментирате со сопствениот појадок и да бидете горди на сите неверојатни работи кои можете да направите со свои две раце и со малку креативност. Овој рецепт за гранола или здрави мусли не содржи шеќер, направен е од целосно хранливи состојки и може да се чува до еден месец во некоја убава тегла (иако е толку вкусен што верувајте дека ќе го нема за една недела). Ѕирнете ги состојките и подгответе се за вашето ново гранола чудо!
Порции: 1 yield(s)
Подготовка: 5 мин.
Готвење: 20 мин.
Вкупно време 25 мин.
Состојки
  • 1.5 шолја овесни снегулки (крупни, не ситни)
  • 2/3 шолја неприготвена хељда или киноа
  • 1/2 шолја путер од кикирики
  • 1 шолја микс семиња (ленено семе, сончоглед, семки од тиква, сусам - се продаваат и миксови во кесичка, не морате да ги купите сите поединечно)
  • 1 шолја крупно сецкани јатки (бадеми, лешници, ореви или микс)
  • 2.5 tbsp мед (пробајте ја смесата пред да печете и додадете уште ако сакате поблаго)
  • 2 tsp чиа семе
  • 2 tsp афион
  • 3 tsp цимет во прав
  • 1/4 tsp сол
  • 2 tbsp кокосово масло
Инструкции
  1. Измешајте сè во сад и истурете го миксот во тава за печење обложена со хартија. Печете 15 минути на 180 степени. Извадете ја гранолата, измешајте ја малку со лажица и печете ја уште 5 минути. Оставете ја гранолата да се олади и потоа префрлете ја во тегла. Совршено одговара кога е измешана во чинија со топло млеко и свежо овошје. Уживајте!