Домашен мус со киви

Ви го претставувам најновиот производ на мојата креативност, едноставен и вкусен десерт што може да се приготви за неколку минути. Потребни ви се само неколку едноставни состојки и процесор за храна (блендер). Уживајте во вашата здрава ужинка!
Порции: 2 yield(s)
Подготовка: 5 мин.
Готвење: 5 мин.
Вкупно време 10 мин.
Состојки
  • 4 киви
  • 200 g грчки јогурт
  • 1 шолја мелена гранола/мусли (домашна или купена, рецепт за домашна гранола имате на сајтот)
  • 2 tbsp мед (додадете повеќе ако сакате поблаг вкус)
  • 2 tbsp Растопен намаз Choconella или растопено темно чоколадо
Инструкции
  1. Ставете ја гранолата/муслите во процесор за храна и пулсирајте додека не добие облик на мелена гранола. Додадете грчки јогурт и мед, па повторно процесирајте за да добиете кремаста смеса.
  2. Земете чаша, додадете малку од смесата со гранола и јогурт, па додадете исецкани киви. Додадете го остатокот од смесата и завршете повторно со свежо сецкани киви. Истурете малку растопена Choconella или растопено темно чоколадо врз десертот. Добар апетит!