Брз десерт од праски

Искористете ја максимално сезоната на праските и направете го овој едноставен и брз десерт. Да бидеме креативни ова лето и да ги освежиме нашите најблиски со вкусно изненадување.
Порции: 4 yield(s)
Подготовка: 5 мин.
Готвење: 5 мин.
Вкупно време 10 мин.
Состојки
  • 2 праски
  • 4 tbsp грчки јогурт
  • 4 tsp мед
  • 4 tsp гранола, мусли или ореви
  • 1 tsp маслиново или друго растително масло
Инструкции
  1. Праските пресечете ги на половина, премачкајте ги половинките со малку масло од сочната страна и ставете ги во тостер да се запечат околу 7-8 минути.
  2. Наредете ги половиките на чинија, премачкајте ги со по 1 лажица грчки јогурт, ставете по 1 лажиче мед и посипете врз медот со мусли, гранола или ореви.