Ќофтиња од тиквички и компири

Овој рецепт е многу лесен за правење и вклучува само неколку едноставни состојки. Ова е всушност еден од моите омилени начини за подготовка на тиквички! Овие ќофтиња не содржат млеко, а вашите деца ќе ги обожаваат! Верувам дека не треба да ви кажувам колку е здрав зеленчукот за вашата исхрана, а неговите хранливи вредности вака ги добивате на многу вкусен начин. Совршен гарнир за секој оброк!

Порции: 12 yield(s)
Подготовка: 20 мин.
Готвење: 30 мин.
Вкупно време 50 мин.
Состојки
  • 2 големи компири (варени)
  • 1 голема тиквичка (рендана)
  • 50 g гриз
  • 70 g интегрално брашно
  • 1/4 tsp сол (или повеќе по вкус)
  • 1/3 tsp лук во прав
  • 2 јајца
  • 1 tsp сушен босилек
  • 10 g прашок за пециво
Инструкции
  1. Компирите ставете ги да се варат, а тиквичката изрендајте ја во посебен сад и оставете ја да отстои 20 минути.
  2. Варените компири изгмечете ги во посебен сад и додадете ја ренданата тиквичка откако убаво ќе ја исцедите. Додадете ги и сите останати состојки и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Додадете уште брашно или гриз ако смесата е течна.
  3. Печете 30 минути на 220 степени (додека не почнат да поруменуваат).