Шпанска кујна: Каталонска Ксато салата ??

Ксато е името на сосот по којшто е наречена оваа салата и претставува типичен каталонски деликатес (потекнува од Каталонија, Шпанија). Тоа е сос направен со неколку хранливи состојки, кои споени заедно даваат неверојатен вкус. Сосот најчесто се служи со риба (претежно туна) и маслинки, па затоа кога сето тоа ќе го споиме - ја добиваме легендарната Ксато салата. Исто така, постои фестивал за храна во Барселона, именуван како „Xatonada Festival“ каде ова локално јадење (салата) се служи на сите посетители заедно со добро вино. Одличен здрав ручек или вечера! Вкусете ја Каталонија што поскоро!
Порции: 1 yield(s)
Подготовка: 10 мин.
Готвење: 10 мин.
Вкупно време 20 мин.
Состојки
    Ксато сос
  • 10-15 бадеми
  • 10-15 лешници (или индиски ореви)
  • 1 чешне лук (сецкано)
  • 1 парче интегрален леб (исецкан на парчиња)
  • 1 tbsp вода
  • малку сол (по желба)
  • 1 tsp оцет
  • 2 tbsp маслиново масло
  • 1/2 куркума или чили (јас користев куркума)
  • Основна салата
  • 1 конзерва туна
  • неколку маслинки
  • неколку рукола или марула
Инструкции
  1. Измелете ги бадемите и лешниците (користете индиски ореви ако немате лешници) во блендер. Додадете ги во блендерот и останатите состојки за сосот и соединете ги во густ сос.
  2. Сосот посипете го врз чинија со рукола (или марула), туна без масло и маслинки (маслото истурете го пред да ја ставите туната во чинија).
  3. Декорирајте со зелен сушен зачин по желба.