Шпагети од тиквички ??

Здрави шпагети не мора да се само интегрални шпагети. Сте пробале ли тиквички за вашата совршена италијанска вечера?
Порции: 2 yield(s)
Подготовка: 10 мин.
Готвење: 20 мин.
Вкупно време 30 мин.
Состојки
  • 3 тиквички
  • 250 g пилешко месо
  • 1 лажица сушен босилек
  • 1 лажица црн бибер
  • 250 ml бешамел сос
  • 1 лажица вегета или сол
Инструкции
  1. Тиквичките се сечат надолжно со специјална алатка и се пропржуваат на малку путер.
  2. Во посебна тава го пропржуваме пилешкото на путер, претходно зачинето со бибер и вегета. Гответе 15 мин. на висока температура.
  3. Месото го посипуваме со бешамел сосот и оставаме да се соедини добро на тивок оган (готвиме уште 5 минути).
  4. Шпагетите од тиквички ги посипуваме со месото во сос, а од горе посипуваме сушен босилек.