Шарена салата

Без разлика дали е прилог или пак е главна ѕвезда на трпезата, ниту едно мени не е комплетно без салата. Преку рецептите за салата кои ќе ги споделам со вас во иднина, ќе ви покажам зошто толку ги сакам. А исто така и зошто треба и вие да ги засакате.
Порции: 2 yield(s)
Подготовка: 20 мин.
Готвење: 10 мин.
Вкупно време 30 мин.
Состојки
  • 2 варени јајца
  • 200 g киноа
  • 1 авокадо
  • 150 g фета сирење или моцарела
  • 2 tbsp домашен сос од мед, сенф и сусам
  • 2 моркови
  • 1 црвена пиперка
  • 2 tbsp микс од семиња (семки од тиква, лелено семе и сончоглед)
  • 1 кромид
  • 2 tbsp намаз од лук
Инструкции
  1. Сварете ги јајцата и киноата, а во меѓувреме исецкајте ги сите други свежи состојки.
  2. Најпрво распределете ја киноата на дното на една подлабока чинија, а потоа врз неа наредете ги другите состојки.
  3. Посипете сос од мед, сенф и сусам врз сирењето, промешајте и уживајте!