Израелска кујна: Шакшука ??

Шакшука е лесен и здрав појадок (може да биде и ручек) во Израел, а познат е и во другите делови на Блискиот исток и Северна Африка. Тоа е едноставна комбинација на сочни домати, кромид, лук, превкусни зачини и интересно подготвени јајца. Ви гарантирам дека овој рецепт ќе го направите повеќе од еднаш. Покрај што Шакшуката е многу популарна во градот Тел Авив, изненадувачки е исто така многу популарна и во Египет - така што, ако некогаш одите таму - ве молам не пропуштајте да го пробате овој автентичен рецепт на лице место! А во меѓувреме, направете го овој рецепт дома (потребни ви се помалку од 30 минути).
Порции: 4 yield(s)
Подготовка: 5 мин.
Готвење: 25 мин.
Вкупно време 30 мин.
Состојки
  • 1 кромид
  • 3 црвени пиперки
  • 3 чешниња лук
  • 1 tsp ким
  • 1/3 tsp чили во прав (додадете повеќе ако саката полуто)
  • 1 голема конзерва со цели, лупени домати
  • 1/3 tsp црн бибер
  • 1/3 tsp сол (додадете повеќе ако саката посолено)
  • 1 мала китка свеж магдонос
  • 1 tbsp маслиново масло
  • 4 јајца
  • 1 tsp сушена мајчина душица
Инструкции
  1. Загрејте го маслиновото масло во голема тава сос на средна топлина. Додадете ја исецканата црвена пиперка и кромидот и пржете 5 минути или додека кромидот не стане проѕирен.
  2. Додадете го сецканиот лук и зачините, па пропржете за уште една дополнителна минута.
  3. Истурете ја конзервата од домати во тавата и изгмечете ги доматите со помош на голема лажица. Зачинете со сол и бибер и варете на среден оган додека јадењето не почне да врие и не стане густо.
  4. Кога јадењето е доволно згуснато, со лажица направете четири вдлабнатини во него и во секоја од нив додадете по едно јајце. Покријте ја тавата со капак или друга превртена тава и варете уште 5-8 минути, или додека јајцата не се приготват убаво од самата пареа.
  5. Гарнирајте со сецкан магдонос.