Фрапе од малини

Направете си ладно кафе фрапе од малини со овој лесен рецепт. Уживајте во овој освежувачки пијалок со сладок овошен вкус кога и каде да посакате.
Порции: 1 yield(s)
Подготовка: 10 мин.
Готвење: 5 мин.
Вкупно време 15 мин.
Состојки
  • 1 голема чаша
  • 10-12 малини
  • 1 tbsp мед (ставете 2 лажици ако сакате поблаг вкус)
  • 1 шолја со ладна вода
  • 4 коцки мраз
  • 1/2 шолја еспресо (или 1/2 лажиче Nescafe растворено во 1/2 шолја врела вода)
Инструкции
  1. Малините, медот и водата соединете ги во блендер и истурете ја смесата во чаша.
  2. Додадете ги коцките мраз и пополека додадете го еспресото.
  3. Почекајте 2 минути да почне да се соединуваат двата слоја и кафето да се спушти на дното. Промешајте со лажица за да се направи пена и уживајте во освежителниот пијалок!