Супер лесна интегрална пита

Ви претставувам вкусна интегрална пита која е богата со здравје и прелесна за подготовка. Уживајте во вкусовите!
Порции: 8 yield(s)
Подготовка: 10 мин.
Готвење: 40 мин.
Вкупно време 50 мин.
Состојки
  • 3 јајца
  • 200 ml јогурт
  • 2 tbsp маслиново масло
  • 4 tbsp интегрално брашно
  • 5 tbsp пченкарно брашно или палента
  • 15 g прашок за пециво
  • 1/4 tsp сол
  • 1 голем морков
  • 100 g печурки
  • 50 g маслинки
  • 100 g сирење
Инструкции
  1. Јајцата изматете ги со миксер во посебе сад и додадете го јогуртот и маслото.
  2. Останатите состојки соединете ги во друг сад, па во него додадете ја и смесата со јајца.
  3. Сето тоа заедно измешајте го со лажица и исурете го во тава обложена со хартија за печење.
  4. Печете 30-40 минути на 200 степени (зависи од рерна). 10 минути пред да биде готова посипете ја со сусам по желба.