Смути од праски во чинија

Ова е еден од моите омилени појадоци, приготвен во вид на кремасто уживање со свежи праски и други здрави состојки. И секогаш оди совршено во комбинација со добра книга.
Порции: 2 yield(s)
Подготовка: 5 мин.
Готвење: 5 мин.
Вкупно време 10 мин.
Состојки
  • 2 праски
  • 1 банана
  • 1 шолја јогурт
  • 2 tbsp чиа семе
  • 1 рака мусли
  • неколку парчиња темно чоколадо
Инструкции
  1. Измешајте ги праските, бананата и јогуртот во блендер. Ако е потребно додадете мед.
  2. Декорирајте со 1 лажица семе чиа (по чинија), мусли, праска и темно чоколадо.