Смути од боровинки и ванила

Доколку сте расположени за природен енергетски пијалок или освежителен појадок, обидете се да направите еден од моите хранливи пијалоци користејќи сезонско овошје или зеленчук. Овој пат, го подготвив овој превкусен пијалок. Ќе добиете течност со текстура помеѓу сок и смути, а ќе добиете и преубава боја. Јас кога го направив го снема за неколку минути, така што топло ви го препорачувам. Уживајте во освежителниот вкус!
Порции: 2 yield(s)
Подготовка: 5 мин.
Готвење: 5 мин.
Вкупно време 10 мин.
Состојки
  • 1 рака полна свежи боровинки
  • 1 tbsp мед
  • 2 cup јогурт
  • 1/2 tsp екстракт од ванила
  • 1/2 банана
Инструкции
  1. Измешајте ги сите состојки во блендер. Додадете неколку коцки мраз, доколку сакате пијалокот да биде повеќе освежувачки. Уживајте!