Рижото Фунги со лук ??

Ова прекрасно кремасто рижото со вкус на лук, путер и печурки, е прекрасен рецепт, кој навистина вреди да се најде на менито во вашиот личен ресторан (читај: дома). Можете да го сервирате или за ручек или за вечера.
Порции: 4 yield(s)
Состојки
  • 1 шолја ориз
  • 4 cup вода
  • 1 кромид
  • 2 моркови
  • 150 g печурки
  • 2 tbsp путер
  • 1 tbsp намаз од лук (макало)
  • 1 tsp вегета или сол (или коцка супа)
Инструкции
  1. Исецкајте ги кромидот, морковите и печурките и запржете ги на 1 лажица путер (може да запржете директно во тенџере).
  2. Додатете го оризот и тој да се пропржи малку, па налејте 4 чаши вода.
  3. Додадете сол или вегета и варете додека оризот не се свари и не добиете густо рижото (псо==остојано мешајте со дрвена лажица).
  4. Штом рижотото е готово, додадете уште 1 лажица путер и 1 лажица намаз од лук (макало).
  5. Измешајте и послужете со рендан пармезан.