Пица со тесто без брашно ??

Желбата за пица не значи дека треба да ги исфрлиме сите здрави навики или намери. Прочитајте го овој рецепт и размислете двапати пред да се јавите во некоја пицерија за испорака. Ќе бидете изненадени колку лесни рецепти имам подготвено за вас, што значи дека ќе имате можност да ги намалите маснотиите и солта и сето тоа додека уживате во неверојатниот вкус на пицата. Еј, па кој би рекол дека всушност пицата може да биде добра за вас? :)  
Порции: 4 yield(s)
Подготовка: 20 мин.
Готвење: 30 мин.
Вкупно време 50 мин.
Состојки
    Тесто
  • 3 тиквички
  • 1 јајце
  • 150 g рендана моцарела
  • 1 tsp црн бибер
  • 1 tsp оригано
  • Toping
  • 2 tbsp доматно пире
  • 150 g моцарела
  • 50 g пршута
  • 8 листови бејби спанаќ
  • 50 g несолени маслиники
  • 1 tbsp рендан пармезан
  • 1 tbsp оригано
  • 1 tbsp чили
Инструкции
  1. Тиквичките ги рендаме во сад и потоа им додаваме изматено јајце, рендана моцарела, црн бибер и оригано.
  2. Ја соединуваме смесата и ја истураме на хартија за печење со кружен облик. Печиме 20 минути во загреана рерна на 230 степени.
  3. Го вадиме тестото и чекаме 15 минути пред да почнеме да ги редиме врз него останатите состојки.
  4. Штом сите состојки се ставени, печиме уште 10 минути на 190 степени. На крај посипуваме со рендан пармезан. Добар апетит!