Пита од прокељ

Знам колку многу е здрав прокељот, па затоа решив да си купам од него (како што правам со многу други здрави состојки), па дури потоа да смислам идеја како да го зготвам на начин што би создала здрав, а сепак вкусен оброк. Ова е еден од моите експериментални рецепти што се покажа како многу, многу добар! Бриселската зелка или прокељот е именуван според неговата зеленчукова историја на одгледување во Белгија. Тој е дел од семејството на крупен зеленчук, како што се карфиол, кале, брокула, зелка и сл. Тој е нискокалоричен зеленчук, а сепак е полн со витамини, минерали, антиоксиданти и бонус: растителни протеини. Ова е дефинитивно зеленчук што сакате да го вклучите во вашата исхрана, па дозволете и' на мојата креативност да го донесе во вашиот дом на највкусен можен начин!        
Порции: 6 yield(s)
Подготовка: 10 мин.
Готвење: 35 мин.
Вкупно време 45 мин.
Состојки
  • 40 парчиња прокељ
  • 400 g урда
  • 200 ml хопла за готвење
  • 2 јајца
  • 1/2 шолја лебни трошки
  • 1/2-1 tsp сол
  • 2 tsp кромид или лук во прав
  • 1 tsp оригано
Инструкции
  1. Прокељот исецкајте го на помали парчиња и соединете го во сад заедно со останатите состојки. Печете 25 минути на 180 степени, па потоа уште 10 минути на 200 степени.