Руска кујна: Пилешко Строганов

Пилешкото Строганов е едно од моите омилени странски јадења, а сега го прилагодив со здрави состојки и со фантастичен вкус на лешник што го добив експериментирајќи. Превкусно!
Порции: 4 yield(s)
Подготовка: 10 мин.
Готвење: 35 мин.
Вкупно време 45 мин.
Состојки
  • 400-500 g пилешки стек
  • 300 g печурки
  • 1 кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 шолја кокосово млеко
  • 1 tbsp сенф
  • 1 tbsp интегрално брашно
  • 1 коцка супа
  • 1 шолја вода
  • 1/2 tsp сол
  • 1/2 tsp црн бибер
  • 1 tbsp мелени лешници (по желба)
Инструкции
  1. Исечете ги кромидот и чешнињата лук на мали парчиња. Пржете ги во тава додека не станат проuѕирни.
  2. Додадете го месото во тавата, претходно исецкано на коцки и зачинето со сол и црн пипер. Гответе го 5-10 минути, а потоа додадете ги водата и коцката супа. Оставете го месото да се динста околу 20 минути на тивок оган.
  3. Кога водата е скоро испарена, додадете сенф и кокосово млеко. Додадете мелени лешници и доколку имате дома и малку магдонос или рукола. Послужете со гарнир по ваш избор.