Пикантни пилешки ролни со моцарела

Ова е прекрасна експлозија од ароматичен вкус на зачини претворена во крцкав оброк. Ви претставувам пикантни пилешки ролни со моцарела кои ќе ги обожавате. Совршено се вклопуваат со било кој гарнир, без оглед дали е тоа печен зеленчук, компир (рестован компир или виџис компири) или ориз.
Порции: 4 yield(s)
Подготовка: 20 мин.
Готвење: 30 мин.
Вкупно време 50 мин.
Состојки
    За подготовка на месото:
  • 600 g пилешко месо (стек)
  • 150 g моцарела (пресечена на парчиња)
  • 1 tbsp вегета или сол
  • 1 tsp црн бибер
  • 1 tsp сушен босилек
  • 1 tsp чили
  • За подготовка на преливот:
  • 3 tbsp сенф
  • 1 tsp црвена пипер
  • 1 tbsp мед
  • 1 tsp маслиново масло
  • 1 tsp оцет
  • 1 tsp сушен босилек
Инструкции
  1. Исецкајте го месото на долги филети (јас купувам свеж пилешки стек, па го сечам на филети) и секоја филета зачинете ја со вегета (сол) и црн бибер.
  2. На крајот од секоја филета ставете парче моцарела па замотајте ја во ролна. Спојте го месото во мини ролат со помош на чечкалица и посипете сушен босилек и чили врз месото.
  3. Печете во тава обожена со хартија за печење, 15 минути на 190 степени.
  4. Во меѓувреме направете го преливот за месото преку соединување на наведените состојки во посебен сад, со постојано мешање. Целта е да добиете хомогена смеса. Прелијте ги ролатите од месо со преливот и печете уште 15-20 минути.
  5. 10 минути пред да биде месото готово, јас во тавата ставив делумно сварени моркови и грашок кои се потпекоа и со тоа добив многу вкусна комбинација. Вие може да го направите истото или да послужите со некој вид на компир или ориз (погледнете на сајтот некоја идеја за прилог на оброкот).