Моцарела кускус

Се прашувате како да приготвите кускус? Знаете ли дека не се користи само за салати? Можете да користите кускус како еден вид на ситни тестенини и да приготвите вкусна и здрава паста во било кое време. Еве на пример, баш како во овој апсолутно вкусен, здрав и лесен рецепт со кускус и комбинација од лук, зеленчук, босилек и моцарела.
Порции: 1 yield(s)
Подготовка: 5 мин.
Готвење: 15 мин.
Вкупно време 20 мин.
Состојки
  • 1/2 шолја кускус
  • 1/3 шолја рендана моцарела
  • 2 чешниња лук
  • 100 g микс зеленчук
  • 1 шолја жешка вода со растворена коцка зеленчукова супа
  • 1/4 tsp сол
  • 1/2 tsp сушен босилек
Инструкции
  1. Исецкајте го лукот и пропжете го во мало тенџере со малку масло. Додадете го зеленчукот и гответе го 2 минути на средна температура. Тргнете го тенџерето од оган, додадете ги кускусот и зачините. Истурете ја топлата супа од зеленчук врз кускусот, покријте го тенџерето со капак и едноставно почекајте 10 минути. Додадете ја ренданата моцарела, промешајте добро и уживајте.