Мароканско пилешко во шафран 🇲🇦
Мароканското пилешко во шафран е неверојатно ароматично јадење, многу лесно за подготовка и ви нуди неверојатни нови вкусови!
Историјата на шафранот датира уште пред 3000 години и тој е еден од најскапите зачини што се користат во Ајурведата. Содржи антиоксиданти кои го зајакнуваат имунитетот и има антиинфламаторни и анти-габични својства. Медицинските својства на шафранот се многубројни. Има многу корисни ефекти врз кожата, дигестивниот систем, циркулаторниот и екскреторниот систем, како и врз нервниот систем (во Индија се верува дека се бори и против депресијата, оттаму е познат и како зачин на сонцето).
Порции:
4
yield(s)
Подготовка:
10
мин.
Готвење:
40
мин.
Вкупно време
50
мин.
Состојки
-
400
g
пилешки стек
-
1
шолја ориз
-
2
tsp
шафран
(Јас користев шафран на Подравка)
-
1/2
tsp
чили
-
1/2
tsp
куркума
-
1/2
tsp
сол
-
1/2
tsp
лук во прав
-
1
кромид
-
2
шолји вода со растворена коцка супа
Инструкции
-
Исецкајте го месото на коцки и додадете ги сите зачини, а шафранот додадете само 1 лажиче (раздробен со прсти). Исецкајте го кромидот на мали парчиња и пржете го неколку минути во голема тава. Додадете го месото и пржете 5 минути.
-
Додадете пилешка супа и доведете ја течноста до вриење. Намалете ја температурата и оставете да се готви 20 минути.
-
Додадете го оризот и другата лажичка шафран, па оставете го јадењето да се готви уште 20 минути, со повремено мешање.