Македонска пита со спанаќ, сирење и интегрално брашно ??

Што сè има во 100 грама спанаќ? Има само 23 калории. Содржи солидна количина растворливи растителни влакна и се препорачува во програмите за намалување на холестеролот во крвта. Има околу 25 проценти од дневните потреби од железо. Има 4 пати повеќе од дневните потреби на витамин К. Витаминот К игра клучна улога во зајакнувањето на коскената маса. Има околу 47 проценти од дневно препорачаната доза на витамин Ц. Витаминот Ц е моќен антиоксиданс кој му помага на телото да развие отпорност на инфективните агенси. Пробајте го овој рецепт и земете ја вашата дневна доза спанаќ!
Порции: 8 yield(s)
Подготовка: 15 мин.
Готвење: 40 мин.
Вкупно време 55 мин.
Состојки
  • 500 g спанаќ
  • 2 парчиња млад кромид
  • 400 g сирење
  • 3 јајца
  • 2 cup интегрално брашно
  • 1 tsp сол
  • 1 tsp црн бибер
  • 50 ml јогурт
  • 1 tsp сушен босилек
Инструкции
  1. Спанаќот убаво го миеме и го динстаме заедно со кромидот.
  2. Во посебен сад го ситниме сирењето, додаваме јајца, сол, бибер и 2 шолји брашно. Смесата убаво ја мешаме и доколку не е доволно впиено брашното, додаваме уште едно јајце.
  3. Добиената смеса ја додаваме во садот со спанаќот, убаво мешаме со дрвена лажица и на крај сето тоа го префрлуваме во сад со хартија за печење.
  4. Смесата ја израмнуваме, премачкуваме со јогурт, јајце и босилек. Печиме на 200 степени во времетраење од 40 мин.