Македонска кујнa: Зачинета урда со јајца ??

Македонија е едноставно кажано, ризница на ароми и вкусови за гурманите и вљубениците на домашната, добра храна. Овој вкусен оброк бил поставен на трпезата многупати низ моето детство и како таков - обожавам да го правам! Па уште во комбинација со салата од свежи домати и младо кромидче? Совршен појадок!
Порции: 4 yield(s)
Подготовка: 5 мин.
Готвење: 15 мин.
Вкупно време 20 мин.
Состојки
  • 500 g урда
  • 4 јајца
  • 2-3 tbsp црвен пипер (благ или лут, по желба)
  • 1/2 шолја јогурт
  • 1 tbsp маслиново масло
  • 1 tbsp буковец (благ или лут, по желба)
  • 1 tsp сол
Инструкции
  1. На загреано масло ставете ја урдата да се пропржи.
  2. Додадете го јогуртот и мешајте додека не добиете убава густа смеса.
  3. Додадете ги матените јајца, додадете ги зачините и мешајте додека не добиете убава хомогена смеса со изедначена боја. Посипете сушен магдонос за декорација.