Македонска кујна: Традиционални јуфки (интегрални) ??

Јуфките се традиционални македонски тестенини, кои многу македонци ги прават во домашни услови. Иако во последно време можат да се купат и готови, традиционалниот вкус е сепак незаменлив. Јас моите интегрални јуфки ги купив готови, но се традиционално домашно приготвени. За ова јадење нема потреба да вложувате многу труд, јуфките се сварени само за 5 минути затоа што претходно се печени на дрва. Побрз појадок, здравје!
Порции: 2 yield(s)
Подготовка: 2 мин.
Готвење: 5 мин.
Вкупно време 7 мин.
Состојки
  • 100 g интегрални јуфки (јас ги набавив од продавницата за здрава храна Мис Гала)
  • 300 ml вода
  • 1/2 tbsp маслиново масло
  • 1/2 tsp сол
  • 1 tsp сушен босилек
Инструкции
  1. Ставете ги тестенините во зовриена вода, додадете малку сол и масло и варете 5 минути. Јас користев тестенини претходно печени на дрва, па затоа времето на подготовка е ултра кратко.
  2. Зачинете ги со босилек и послужете ги со парче сирење и домат.