Лесна лазања со модри патлиџани

Ако барате лесна, вегетаријанска лазања, ова е вистинскиот рецепт за вас. Како што може да претпоставите по насловот, вистинската лазања се заменува со модри патлиџани, ама има и други вкусни состојки во неа. Погледете го рецептот и видете за што зборувам.
Порции: 6 yield(s)
Подготовка: 40 мин.
Готвење: 35 мин.
Вкупно време 75 мин.
Состојки
  • 2 средни модри патлиџани
  • 1 tsp сол
  • 1 tbsp маслиново масло
  • 3 чешниња лук
  • 1 кромид
  • 2 tsp оригано
  • 1/3 tsp црн бибер
  • 400 g урда
  • 40 g рендан пармезан
  • 1 јајце
  • 150 g моцарела
  • 400 g доматно пире
Инструкции
  1. Загрејте ја рерната на 200°.
  2. Исечете ги краевите на модрите патлиџани, излупете ги и исечете ги на тенки парчиња. Поставете ги парчињата рамна површина (на кујнска хартија) и зачинете со сол. Нека отстојат 20 минути. Превртете ги, повторно зачинете со сол и од другата страна и оставете ги така уште 20 минути. Потоа избришете ги со кујнска хартија. Со ова модрите патлиџани нема да бидат горчливи.
  3. Загрејте масло во тавче. Динстајте го исецканиот лук 1 минута, а потоа додадете сецкан кромид и оригано. Зачинете со сол и бибер и пржете додека кромидот не стане процеcирен. Додадете пире од домати и гответе додека не се загрее.
  4. Во среден сад, комбинирајте урда, пармезан, јајце и магдонос. Зачинете со сол и бибер.
  5. Во тава (тепсија) со средна големина, распоредете тенок слој на мешаниот сос од домати, еден слој модар патлиџани како замена за „лазања тестенините“, слој со мешавината од урда и потоа слој од моцарела. Повторете ги слоевите (јас имав вкупно 3 слоја). Последниот слој завршете го со модар патлиџан, мешан доматен сос, моцарела и пармезан.
  6. Покријте со фолија и печете 20 минути на 200°, а потоа извадете ја фолијата и печете уште 15 минути повеќе.