Лате со вкус на тиква

Дечки, пред неколку дена гледав еден филм во којшто имаше сцена со една девојка која пиеше од популарното кафе лате со вкус на тиква од Starbucks. После првата голтка од кафето таа рече дека тоа е најубавиот есенски вкус што некогаш го пробала. И погодете што? Јас си помислив, ОК, сега морам да направам домашно лате со вкус на тиква и да го понудам истото тоа чувство на целата моја публика :) И притоа, да биде направено со здрави состојки. Дечки, јас го направив, го пробав и апсолутно се согласувам со девојката од филмот. Неверојатно е! Значи, топло лате со вкус на тиква, студени утра, топли ќебенца, топла храна, добри стари ТВ-емисии кои се реемитуваат и не' враќаат во детството. Што можеме да побараме повеќе од магичната есен?
Порции: 1 yield(s)
Подготовка: 5 мин.
Готвење: 10 мин.
Вкупно време 15 мин.
Состојки
  • 1/2 шолја растително млеко
  • 1/4 шолја вода
  • 2-3 tbsp пире од тиква (варена или печена тиква)
  • 1/2 tsp цимет
  • 1/8 tsp црн бибер
  • 1/4 tsp ѓумбир во прав
  • 1.5-2 tsp мед или јаворов сируп
  • 1/4 шолја еспресо
Инструкции
  1. Измешајте ги сите состојки (освен еспресото) во процесор за храна или блендер.
  2. Истурете ја смесата во тенџере на средна температура и полека мешајте додека не стане жешко и не почнат да се формираат меурчиња.
  3. Додадете го еспресото, промешајте добро и гответе уште една минута, па претурете ја течноста во чаши. Декорирајте со кокосов крем или млеко и малку цимет.