Интегрални шпагети во крем сос од печурки и рукола ??

Направете го овој кремаст оброк од тестенини со печурки во деновите кога ви треба голема чинија комфор. Печурки, пармезан, бело вино и уште некои други магични компоненти. Превкусно!
Порции: 2 yield(s)
Подготовка: 10 мин.
Готвење: 30 мин.
Вкупно време 40 мин.
Состојки
  • 250 g интегрални шпагети
  • 200 g печурки
  • 1/3 шолја хопла за готвење
  • 1/2 шолја бело вино
  • 1 бујон од зеленчик (во 1/2 вода)
  • 1/3 tsp сол
  • 9-10 листови рукола
Инструкции
  1. Шпагетите сварете ги во вода, малку сол и маслиново масло.
  2. Печурките исецкајте ги, посолете ги и ставете ги да се пржат во маслиново масло (околу 10 минути). Пржете додека не омекнат, па додадете вино. Гответе на слаб оган околу 10 минути, па додадете ја растворената коцка супа и хоплата за готвење.
  3. Гответе со повремено мешање уште 10-15 минути.
  4. Штом сосот е готов, додадете го садоот со шпагети, додадете ја руколата и убаво промешајте.
  5. Послужете со рендан пармезан.