Интегрална пица со сино сирење

Набавете си дома интегрално брашно, па ќе можете да си го дозволите ова задоволство и до неколку пати месечно. Набавете си и доматно пире или домашна домата, а се останато оставам на вашата фантазија.
Порции: 4 yield(s)
Подготовка: 60 мин.
Готвење: 25 мин.
Вкупно време 85 мин.
Состојки
    Dough
  • 1,5 шолја интегрално брашно (и малку плус за посипување)
  • 1 tsp сол
  • 1 tsp прашок за пециво
  • 2/3 шолја млака вода
  • Pizza topping
  • 1/2 шолја доматно пире
  • 4 парчиња пршута (по желба)
  • 100 g печурки
  • 1 китка свеж босилек
  • 1/4 tsp чили во прав
  • неколку парчиња сино сирење
Инструкции
  1. Состојките за тестото соеденете ги во еден сад и мешајте со дрвена лажица додека не се добие тесто.
  2. Оставете го тестото да отстои во намрсена чинија околу 1 час, покриено со крпа.
  3. Тестото префрлете го на голем плех за печење со оставена хартија. Растапкајте го со влажни прсти од средината и ширете го тестото кон краевите. Треба да добиете голема равоаголна пица со неистапкани (подебели) краеви - види фотографии. Дебелината на средишното тесто треба да е околу 0.5 мм.
  4. Премачкајте со доматно пире и чили па наредете пршута , печурки и малку сол.
  5. Печете 20 минути на 200 степени.
  6. Додајте ги листовите босилек и синото сирење, па вратете ја пицата во рерна се додека не се растопи сирењето.