Индиска кујна: Акоори

Дали сте подготвени за вашиот нов викенд појадок или brunch? Ви претставувам Акоори - индиски смецијалитет со зачинети јајца кои се изобилуваат со вкусови. Исполнете го вашиот дом со мирис на неверојатно вкусно индиско јадење!

Порции: 2 yield(s)
Подготовка: 15 мин.
Готвење: 15 мин.
Вкупно време 30 мин.
Состојки
  • 4 јајца (изматени)
  • 1 мал кромид (сецкан)
  • 1 чешне лук (сецкано)
  • 1 голем домат (сецкан на коцки)
  • 1/3 tsp чили во прав
  • 1 tsp мелен коријандер
  • 1/4 tsp гарам масала зачин (сега го има во Веро маркетите)
  • 1/3 tsp куркума
  • 1/2 tsp црвена пипер
  • 1 tbsp сецкан магдонос
  • 2 tbsp путер
Инструкции
  1. Загрејте го путерот во голема, нелеплива тава на средна температура. Пржете го кромидот додека не порумени, околу 5-7 минути. Додадете го лукот и пржете уште една минута, па додадете ги доматите и пржете додека не испари најголемиот дел од течноста. Намалете ја температурата.
  2. Додадете ги останатите зачини, а потоа истурете ги изматените јајца во тавата и добро промешајте со цел сите состојки да се соединат. Гответе полека со често мешање додека јајцата бидат убаво приготвени. Зачинете со сол и свеж магдонос и декорирајте со павлака и маку црвен пипер.