Здрав тарт со сирење и киноа

Започни го твојот ден со екстра лесен, здрав и вкусен оброк! Основата на овој тарт е мека, но истовремено и крцкава, а филот е едноставно неверојатен! Мора да го пробате!
Порции: 4 yield(s)
Подготовка: 20 мин.
Готвење: 30 мин.
Вкупно време 50 мин.
Состојки
    Основа (калап за тарт од 22цм)
  • 100 g киноа (варена)
  • 3 tbsp мелено ленено семе
  • Фил
  • 2 јајца
  • 200 g бело сирење
  • 100 g фета сирење или моцарела
  • 5 кисели краставички (сецкани)
  • 70 ml јогурт
Инструкции
  1. Измешајте ја сварената киноа и меленото семе од лен и втиснете ја смесата врз калапот за тарт (22мм). Печете 20 минути на 220 степени.
  2. Изматете ги јајцата во голем сад. Додадете ги сите други состојки (може да додадете и малку оригано), измешајте убаво и истурете ја смесата врз печената основа од киноа и ленено семе. Печете уште 30 минути на 200 степени.