Здрав сендвич со карамелизиран кромид

Имав и други рецепти кои чекаа да бидат споделени со вас пред овој, но едноставно не можев да дочекам да му дојде редот. Овој сендвич е еден од најдобрите оброци за појадок што сум ги подготвила во животот! Јас лично обожавам карамелизиран кромид, но неговата комбинација со останатите состојки е нешто што не можам да го опишам со зборови! Едвај чекам да го направите и вие!
Порции: 2 yield(s)
Подготовка: 30 мин.
Готвење: 5 мин.
Вкупно време 35 мин.
Состојки
  • 2 главици кромид
  • 2 tbsp балсамико оцет
  • 1/2 tsp мед
  • 1/3 tsp сол
  • 1/4 tsp црн бибер
  • 4 јајца
  • 4 парчиња моцарела
  • 4 раце зелена салата
  • 2 tbsp сенф
  • 1 tbsp павлака, грчки јогурт или хопла за готвење
  • 8 парчиња здрав леб (протеински или интегрален)
Инструкции
  1. Исецкајте го кромидот и пржете го 20 минути на ниска температура, или додека не стане проѕирен. Пржете го уште 10 минути на средна температура или додека не стане кафеав. Додадете оцет, мед, сол и црн бибер, промешајте и пржете уште 5 минути. Тргнете го настрана карамелизираниот кромид.
  2. Пржете ги јајцата на око, едно по едно. Подгответе намаз со мешање на сенфот и павлаката. Ако не сакате пржени јајца, можете да ги сварите, исецкате и да направите крем салата од нив и сосот од мед и павлака и како такви да ги ставите во сендвичот.
  3. За секој сендвич: ставете парче леб, потоа премачкајте со намазот од сенф и павлака, па ставете малку зелена салата, јајце на око, па потоа тенка парче моцарела (јас користам моцарела за тост) и потоа врз сето тоа ставете карамелизиран кромид и поклопете го со друго парче леб.