Здраво топло чоколадо

Една од причините зошто едвај ги чекам студените месеци се пријатните ноќи кои ги поминуваме покрај домашниот камин, блажено хипнотизирани со топол пијалок во рака. Вечерва се насладуваме на здраво топло чоколадо. Колку убав крај на оваа недела, нели? На здравје!
Порции: 2 yield(s)
Подготовка: 5 мин.
Готвење: 10 мин.
Вкупно време 15 мин.
Состојки
  • 2 шолји растително млеко
  • 50 g темно чоколадо
  • 2 tsp мед
  • 2 tsp какао
  • 1 tsp екстракт од ванила
  • 1 стапче цимет (по желба)
Инструкции
  1. Загрејте го млекото на висока температура во мало тенџере. Додадете ги другите состојки и мешајте со лажица додека чоколадото целосно се расстопи. Послужете веднаш, додека е жешко.