Твојот нов омилен пијалок: Мака Лате

Го претставувам вашиот следен омилен пијалок кој прекрасно ќе ја обележи вашата есен и зима. Замислете ги сите тие пријатни денови коишто следат, вие завиткани под ќебе, а во дланките држите полна шолја здравје и радост! Има вкус на топло чоколадо со нота за колачиња, извонредно вкусно, а сепак одлично за вашето здравје. Ви се верува ли? Ви дава енергија како кафе, а сепак не содржи кофеин. Почувствувајте го циметот и малите пенливи меурчиња уште веднаш и верувајте дека овој магичен пијалок ќе го направите уште многу пати! Погледнете го рецептот!

  • Комплексност: Лесна
Порции: 2 yield(s)
Подготовка: 5 мин.
Готвење: 10 мин.
Вкупно време 15 мин.
Состојки
  • 1 шолја бадемово или оризово млеко (може да користите и кравјо доколку не сакате растително)
  • 1/2 tsp цимет
  • 1.5 tbsp какао
  • 1/3 tsp куркума
  • 1/2 шолја кокосово млеко во конзерва
  • 1 tbsp мака
  • прстофат црн бибер
  • 1/2 tbsp екстракт од ванила
  • 1 tbsp мед или јаворов сируп
Инструкции
  1. Изматете ги сите состојки во мало тенџере на средно-тивок оган. Загревајте, и повремено мешајте, се' додека течноста не стане жешка. Изматете ја силно веднаш пред да ја ставите во шолји за да достигнете пенест ефект. За најдобра верзија, кога течноста е доволно жешка префрлете ја во блендер или изматете ја темелно со миксер. Препорачувам да користите блендер со стаклени ѕидови наместо со пластични за да избегнете нивно пожолтување поради куркумата. Рачниот миксер е најдобрата опција за совршеното мака лате. На здравје!