Здрави домашни крекери со сирење

Зависникот од здрави домашни грицки се пријавува на должност! Овие крекери со сирење се домашни, вкусни, хранливи и економични. Контролирајте што внесувате во својот организам преку конзумирање храна којашто сами ќе си ја направите, не можам да го кажам ова онолку пати колку што би било доволно поради неговата важност. И плус, овие грицки се навистина лесни за правење, а вашето семејство и пријатели ќе ги обожаваат (децата особено).
Подготовка: 15 мин.
Готвење: 30 мин.
Вкупно време 45 мин.
Состојки
  • 250 g интегрално брашно (или барем 1/2 интегрално, 1/2 обично брашно)
  • 150 ml млеко (јас користам растително млеко)
  • 2 tsp прашок за пециво
  • 2 tbsp микс од ленено семе и сусам
  • 100 g ситно рендан пармезан
  • 1 јајце
  • 1 жолчка од јајце
Инструкции
  1. Во еден сад измешајте ги брашното, пецивото и солта. Додадете ги млекото (со бавно дотурање и мешање) и жолчката од јајце и замесете тесто.
  2. Тестото префрлете го во плех обложен со хартија и развлечете (со притискање на дланките) го навлажнети раце низ целата површина на плехот во правоаголна форма. Друг начин е да го земесете тестото на набрашнета површина, да го развлечете со сукало, па да го префрлите во плехот (изберете што ви е полесно во зависност од брашното што ќе го користите).
  3. Тестото треба да биде со дебелина од 0.5 цм. Премачкајте го израмнетото тесто со матено јајце, посипете го со семиња и посипете го пармезан.
  4. Печете 5 минути на 200 степени, па извадете ги и пресечете ги на коцки. Потоа повторно ставете ги во рерна уште 20-30 минути да се испечат (зависи од рерна).