Зачинет омлет со кисели краставички

Значи навистина го сакам омлетот наутро! Ни ја дава токму онаа количина на енергија која што ќе не движи сè додека не дојде време за ручек. Исто така, се препорачува како појадок особено доколку ви претстои ден исполнет со физички активности. Прочитајте го рецептот за овој вкусен омлет и освежителната салата што оди со него.
Порции: 1 yield(s)
Подготовка: 5 мин.
Готвење: 10 мин.
Вкупно време 15 мин.
Состојки
    Омлет
  • 2 јајца
  • 2 кисели краставички (сецкани)
  • 30 g рукола
  • 1 tsp сушен магдонос
  • 1 tsp црвена пипер или буковец
  • 1 tbsp маслиново масло
  • Salad
  • 1 голем домат
  • 1 млад кромид
  • 1 ротквица
Инструкции
  1. Изматете ги јајцата и истурете ги во тава, каде што маслото е претходно загреано.
  2. На едната половина од смесата ставете ги киселите краставичките и руколата, па преклопете со другата половина.
  3. Посипете црвен пипер и сушен магдонос врз омлетот. 1 лажица ајвар во прилог ќе ви даде уште повкусна комбинација.
  4. Салатата на страна се состои од сецкани домати, ротквица и млад кромид, без масло. Во ова годишно време доматите се толку убави и сочни што апсолутно нема потреба од други додатоци, освен можеби малку сол по желба. Имајте прекрасен ден!