Зачинети јајца на око

Јајцата се одличен избор на храна за појадок. Тие се богат извор на протеини, во чиј состав влегуваат 9 есенцијални аминокиселини. Исто така, треба да знаете дека белката на јајцето не содржи холестерол, а жолчката од јајцето е извор на витамин А, Д и Е. Тие се еден од моите омилени појадоци, и преферирам да ги комбинирам во најразлични варијанти. Следете ме, задолжително ќе ги споделам со вас!
Порции: 1 yield(s)
Подготовка: 5 мин.
Готвење: 10 мин.
Вкупно време 15 мин.
Состојки
  • 2 јајца
  • 1 tbsp маслиново масло
  • 1 tsp чили (може да додадете уште чили доколку сакате вашата храна да биде повеќе зачинета)
  • 1 tsp сол
  • 1 tsp сушен магдонос
  • 1 сецкан млад кромид
  • 2 парчиња интегрален тостиран леб
  • 1 намаз за леб (може да се премачкаат лепчињата со било каков здрав намаз: ајвар, хумус или некој домашно приготвен, како во случајов мојот намаз - мајонез од лук и тиквички, достапен во палетата со рецепти на сајтот)
Инструкции
  1. Јајцата ги пржиме на око, и ги посипуваме со сол, чили, сушен магдонос и парчиња млад кромид.
  2. Тостираните лепчиња ги премачкуваме со намаз и посипуваме со сушен магдонос. Добар апетит!