Брза пица од тиквички во тавче

Порции: 1 yield(s)
Подготовка: 5 мин.
Готвење: 13 мин.
Вкупно време 18 мин.
Состојки
    База
  • 1 тиквичка со средна големина (рендана)
  • 2 tbsp интегрално брашно
  • 1/4 tsp лук во прав
  • 1 јајце (матено)
  • 1 tbsp магдонос (сецкан)
  • 1/2 tsp сол
  • Топинзи
  • 1/2 рендана моцарела
  • 6 чери или обични домати
  • 10 листови спанаќ
  • 1 младо кромидче
Инструкции
  1. Изрендајте ја тиквичката и исцедете од неа што повеќе течност. Во сад комбинирајте ги ренданата и исцедена тиквичка, брашното, изматеното јајце, магдоносот и зачини. Смесата префрлете ја во тавче со малку масло и распоредете ја во круг. Пржете на тивок оган држејќи го тавчето покриено со капак 7 минути или додека дното не стане крцкаво и кафеаво, а потоа превртете ја пицата, додадете ги додатоци и пржете уште 5 минути со капак. Послужете веднаш и уживајте!