Англиски појадок

Англискиот појадок датира уште од 1300-тите, што го прави едно од најстарите традиционални јадења во англиската историја. Во тоа време појадок од ваков вид се сметал за луксуз и затоа бил консумиран само од страна на најбогатите во општеството. Дозволете си да се чувствувате убаво и започнете го денот со овој извонреден оброк!
Порции: 1 yield(s)
Состојки
  • 2 јајца
  • 2 пилешки колбасе
  • 2 парчиња пршута или сланина
  • Микс од црвен грав
  • 2 tbsp црвен грав (приготвен или од конзерва)
  • 1 tbsp пченка (приготвена или од конзерва)
  • 3 tbsp доматно пире
  • 1/3 tsp чили (по желба)
Инструкции
  1. Измешајте ги состојките за миксот од црвен грав и послужете од смесата во чинија. Останатите состојки пригответе ги одделно и додадете ги во чинијата како на фотографиите.